
Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница утврди уште четири нови кандидатури за градоначалници за локалните избори. Социјалдемократите го утврдија Игор Христов како кандидат за градоначалник на Кочани.
Изненадување е што четирикратниот градоначалник на Илинден, Жика Стојановски (како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ) ќе биде адутот на СДСМ на овие избори.
Утврдени се и кандидатурите на Едис Хаса за Шуто Оризари и Исуф Синани за Долнени. Со ова СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ.