Франција ќе испрати авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор

–Нема да попуштиме пред растечкото заплашување на Русија, посочи Макрон.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека ќе испрати три авиони-ловци „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и на Источна Европа.

Тој додаде за тоа разговарал и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер Кир Стармер.

–Нема да попуштиме пред растечкото заплашување на Русија, посочи Макрон.

Руски беспилотни летала вчера навлегоа во полскиот воздушен простор, за време на нападот врз Украина, а полската армија со помош на НАТО собори 19 дронови. По инцидентот Полска

побара од Алијансата да го активира Член 4 од Договорот за НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана за една од неговите членки.