Нетанјаху: Нема да има палестинска држава, ова место ни припаѓа нам

Минатиот месец, Израел одобри клучен проект за изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег, кој ОН и неколку странски лидери го осудија како преполовување на територијата на можна идна палестинска држава и поткопување на можноста за решение со две држави. Проектот, е познат како Е1.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека „нема да има палестинска држава“ на церемонијата на потпишување на голем проект за понатамошна изградба на населби на Западниот Брег, објави агенцијата Франс-прес.

„Ќе го одржиме нашето ветување: нема да има палестинска држава, ова место ни припаѓа нам“, рече Нетанјаху за време на посетата на населбата Маале Адумим на Западниот Брег.

„Ќе го зачуваме нашето наследство, нашата земја и нашата безбедност. Ќе го удвоиме населението на градот“, продолжи тој.

Минатиот месец, Израел одобри клучен проект за изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег, кој ОН и неколку странски лидери го осудија како преполовување на територијата на можна идна палестинска држава и поткопување на можноста за решение со две држави. Проектот, е познат како Е1.

Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрих, повика на забрзување на проектот и на анексијата на Западниот Брег, како одговор на најавите од неколку земји за нивната намера да ја признаат државата Палестина.