
Белорусија ослободи 52 политички затвореници
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ослободи 52 политички затвореници и ги протера од земјата по преговорите со САД
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ослободи 52 политички затвореници и ги протера од земјата по преговорите со САД.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека ослободените политички затвореници пристигнале во Литванија.
– Никој не е заборавен! Педесет и два затвореници денеска безбедно премина од Белорусија во Литванија, оставајќи зад себе бодликава жица, решетки на прозорците и постојан страв, објави Науседа на платформата Икс.
Тој додаде дека за ослободувањето на политичките затвореници заслужен е американскиот претседател Доналд Трамп.
Длабоко сум благодарен на САД и лично на претседателот Доналд Трамп за нивните континуирани напори за ослободување на политичките затвореници, посочи Науседа.
Помеѓу ослободените затвореници 14 се странски државјани од Литванија, Летонија, Полска, Германија, Франција и Велика Британија.
Ослободувањето на затворениците се случи по денешната средба на Лукашенко со специјалниот американски претставник Џон Коул.
Белорусија повеќе години е под западни санкции поради непочитување на за човековите права и нејзината улога во руската инвазија врз Украина. Според групите за заштита на човековите во Белорусија има повеќе од 1.000 политички затвореници.