
Стармер обвинет за „бесрамно непочитување на националните безбедносни прашања“
Британските конзервативци го обвинија премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, и неговиот шеф на кабинет за „бесрамно непочитување на сите национални безбедносни прашања“, откако Питер Манделсон, кој денес беше отпуштен поради врски со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, беше назначен за амбасадор во Вашингтон.
Британските конзервативци го обвинија премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, и неговиот шеф на кабинет за „бесрамно непочитување на сите национални безбедносни прашања“, откако Питер Манделсон, кој денес беше отпуштен поради врски со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, беше назначен за амбасадор во Вашингтон, пишува денес Скај њуз.
Обвинението доаѓа откако телевизискиот канал објави дека британската влада го назначила Менделсон за амбасадор и покрај тоа што безбедносните служби изразија загриженост за неговото назначување на функцијата, што Даунинг стрит 10 го негираше.
Според два извори, канцеларијата на Стармер ги игнорирала советите на безбедносните службеници, кои го спровеле обемниот процес на проверка низ кој минуваат високи владини претставници за да ја добијат работата, а безбедносните грижи не биле доволни за да го спречат назначувањето на Менделсон за амбасадор во Соединетите Држави.