Телефонски разговор Заев–Радев, тема луѓето кои се изјаснуваат како Бугари во С. Македонија

Старо-новиот претседател на Бугарија Румен Радев и македонскиот премиер Зоран Заев оствариле телефонски разговор на кој констатирале дека дијалогот е на високо ниво и тој е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања меѓу двете земји.

Двајцата високи државници разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете соседни земји, за ефективното почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република Северна Македонија, но и за нејзината европска перспектива.

Сепак, денеска пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски излезе со информација од свои извори дека земјава и овој декември нема да го добие посакуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ.