ФБИ пронајде пушка, чевли и отпечатоци од атентаторот на Кирк
Пронајдена е пушка за која се претпоставува дека е на атентаторот на активистот Чарли Кирк, изјави денеска специјалниот агент на американското Федерално истражно биро (ФБИ) од канцеларијата во Солт Лејк Сити, Роберт Колс.

Тој додаде дека покрај пушката пронајдени се и обувки, отпечаток од дланка и прсти, како и отпечаток на подлактница.
– Имаме слика на осомничениот, посочи Колс.
ФБИ сè уште бара повеќе информации за напаѓачот на Кирк, а канцеларијата во Солт Лејк Сити отвори телефонска линија на која граѓаните можат да се јават доколку имаат информации.
По убиството на Кирк, едно лице беше приведено под сомнение дека го извршило атентатот, но беше ослободено по полициското испрашување.
Во исто време, Одделот за јавна безбедност на Јута објави дека двете приведени лица во овој случај се ослободени бидејќи „не се поврзани со пукањето“ врз Кирк.