
Министерот без ресор Шабан Салиу кандидат за градоначалник на Шуто Оризари
„Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со нашата општина,” порача Салиу во неговиот говор пред жителите на општина Шуто Оризари.
Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР) и министер без ресор, Шабан Салиу, вчера вечер ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.
„Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со нашата општина,” порача Салиу во неговиот говор пред жителите на општина Шуто Оризари.
Во своето обраќање, тој ја претстави својата политичка визија и програма за модерна, функционална и достоинствена општина. Салиу најави дека приоритет ќе биде изградба на инфраструктура која ќе донесе квалитетен живот за сите жители, како што се асфалтирани улици до секој дом, проширен водовод и канализација, LED осветлување и безбедни пешачки патеки, како и нови социјални станови за семејствата што долго чекаат покрив над глава.