
„Егзит“ веќе четири години се одржува во Струмица
Во политичката расправа имало ли намера или немало да се оствари идејата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, фестивалот „Егзит“ да се донесе во главниот град, тој веќе четврта година се одржува во Струмица.
Во политичката расправа имало ли намера или немало да се оствари идејата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, фестивалот „Егзит“ да се донесе во главниот град, тој веќе четврта година се одржува во Струмица. Годинава настапите на Џекс Џонс, Бејби Лазања, Бајага и „Инструктори“, Александра Јанева и БДМ, ја донесоа одличната „Get EXITed“ забава во Струмица во Големиот градски парк во неделата на 7 септември.
Во градот на тромеѓето, токму поради „Егзит“ дојдоа посетители од Бугарија, Грција, Србија, Македонија и целиот регион.
„Егзит“ заедно со челниците на Општина Струмица во изминатите четири години организираше исклучително посетени настапи на големи светски и регионални ѕвезди во Големиот градски парк, приредувајќи ѝ на публиката настани за паметење.
Од „Егзит Македонија“ велат после забавата во Струмица следела покана од кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за „Егзит“ да ја разгледа македонската престолнина како нова дестинација.
„Големо задоволство ни е што добивме покана Скопје да стане дел од Егзитовото фестивалско семејство на градови каде што реализираме фестивали. Македонската публика од првиот ден е меѓу најверните на ‘Егзит’ и затоа сме подготвени, во партнерство со локалните промотери, организации и музичари, веќе наредната година да покренеме голем фестивал во Скопје и да помогнеме престолнината на Македонија да стане една од водечките фестивалски дестинации во Европа,“ порачаа од тимот на „Егзит“.
Преземено од Независен