
Цаневска Арсовска: Скопје не заслужува евтини кампањски трикови и измислици за дневна употреба
Скопје заслужува сериозни културни политики, вистински проекти и искрена визија за развој, а не евтини кампањски трикови и измислици за дневна употреба. Ова на денешната прес-конференција го подвлече кандидатката за советничка и носителка на листата на СДСМ и Коалицијата во Градот Скопје, Катерина Цаневска Арсовска.
Скопје заслужува сериозни културни политики, вистински проекти и искрена визија за развој, а не евтини кампањски трикови и измислици за дневна употреба. Ова на денешната прес-конференција го подвлече кандидатката за советничка и носителка на листата на СДСМ и Коалицијата во Градот Скопје, Катерина Цаневска Арсовска.
– Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје ги излажа скопјани, ги излажа своите сограѓани, оние од кои ја бара довербата. По матрицата на ВМРО-ДПМНЕ и тој покажа дека за него нема граници кога станува збор за евтини предизборни манипулации. Откако фантазираше за воз по кејот на Вардар и невозможен парк во Вардариште, сега ја кажа најновата лага, дека светскиот фестивал „EXIT“ ќе се сели во Скопје, ама само ако тој победи, истакна таа.
Притоа, нагласи дека веднаш стигнал демантот, Орце Ѓорѓиевски го демантирале организаторите на EXIT, ниту во 2025, ниту во 2026 година немало потврда дека Скопје ќе биде фестивалска локација.
– Значи Орце свесно ја извртува вистината, како што свесно ги лажеше скопјани и со останатите ветувања. Очигледно, ништо не научил од неговиот вистински лидер Никола Груевски, кој кажа, вистината е како шило. Кога политичар кој бара доверба од граѓаните свесно ги лаже, тоа зборува се за него и за неговиот карактер, рече Цаневска Арсовска.
Таа порача дека лагата е првото оружје на секој, кој нема визија, нема план и нема капацитет да испорача решенија.
– Таквите луѓе не им носат ништо добро на граѓаните – напротив. Граѓаните на Скопје не се за потценување, тие заслужуваат чесен однос. Скопје заслужува сериозни културни политики, вистински проекти и искрена визија за развој, а не евтини кампањски трикови и измислици за дневна употреба. СДСМ го повикува Ѓорѓиевски веднаш да престане со лагите. Градот не е играчка, туку дом на луѓе кои бараат решение за реалните проблеми кои ги создаде токму ВМРО-ДПМНЕ, истакна Цаневска Арсовска.