
Инфомакс дознава дека во текот на минатата вечер се случил обид да се запали станот на поранешен висок полициски функционер и оперативец З.Т.
Изгорена е влезната врата, а целта била да се опожари целиот дом.
На лице место веднаш пристигнала противпожарна екипа која за среќа го угаснала пожарот.
Инаку З.Т. во својата долгогодишна кариера има реализирано неколку илјади приведувања и апсења на високопрофилни и високоризични лица од македонското подземје.