
Косор со порака до спикерот Јандроковиќ: „За дом спремни“ секогаш ги величи усташтвото и НДХ
„Вели првиот меѓу еднаквите во хрватскиот Парламент дека ќе казнува само ако „За дим спремни“ ја величи НДХ. Имено, ЗДС секогаш ја величи НДХ. И тоа е секогаш неуставно. Тоа го кажа и д-р Туѓман. Неподнослива леснотија на газење“, напиша Косор на платформата X.
Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја коментираше изјавата на претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ дека ќе го казни извикот „За дом спремни“ во случаи кога тој ги величи усташите и НДХ, велејќи дека тоа е секогаш случај.
„Вели првиот меѓу еднаквите во хрватскиот Парламент дека ќе казнува само ако „За дим спремни“ ја величи НДХ. Имено, ЗДС секогаш ја величи НДХ. И тоа е секогаш неуставно. Тоа го кажа и д-р Туѓман. Неподнослива леснотија на газење“, напиша Косор на платформата X.
Јандроковиќ вчера изјави дека ќе го санкционира извикот „За дом спремни“ во парламентот ако се користи за величење на усташкиот режим и НДХ, додавајќи дека ги осудува усташкиот режим и НДХ, но и комунистичкиот тоталитаризам.
„Ако видам дека станува збор за провокација насочена кон величење на усташкиот режим, тогаш ќе го санкционирам“, изјави Јандроковиќ пред новинарите по седницата на Претседателството на хрватскиот Сабор.
Тој додаде дека има прилики кога тој поздрав не треба да се санкционира, а тоа е поврзано со Татковинската војна, комеморациите на ХОС, а во случајот со песната на Марк Перковиќ Томсон „Бојна Чавоглава“.
Не е невообичаено пратениците да го користат усташкиот слоган „За дом спремни“ од собраниската говорница, а тоа беше особено често по концертот на Томпсон на Загрепскиот хиподром, на кој, според организаторите, присуствуваа половина милион луѓе.