
Станиќ: Со Италија треба да бидеме внимателни
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес го игра својот втор натпревар во квалификациите за Европското првенство 2027.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес го игра својот втор натпревар во квалификациите за Европското првенство 2027. Избраниците на селекторот Горан Станиќ од 18:15 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе играат против Италија.
По поразот во Краков од Полска во петокот, Станиќ очекува сосема поинаков натпревар.
– Полска е зад нас, ги воочивме грешките и ќе се потрудиме да не се повторат против Италија. Имавме и низа позитивни работи од мечот во Краков. Бевме речиси егал во посед на топка, ни недостасуваше последно додавање и завршница, а головите ги примивме наивно. Еден автогол, вториот од сомнителна ситуација за офсајд и последниот по индивидуална грешка. Резултатот не е мерило за играта. Фудбалерите се подготвени за Италија. Анализиравме и планот за мечот е направен. Италија е многу поразлична репрезентација од Полска. Играат различен систем, тактички се на врвно ниво, имаат брзи крила и треба да бидеме многу внимателни, изјави селекторот.
На првиот натпревар избраните на селекторот Станиќ загубија 3:0 од Полска.