Поглаварот на СПЦ – Порфирије попладнево пристигна во Скопје во посета на МПЦ – ОА.
Утре српскиот поглавар заедно со Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе служат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во делегацијата на СПЦ се и Митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, Епископот сремски Василиј, Епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид.