Ангел Димитров – копретседателот на мешовитата бугарско-македонска Комисија за историски прашања смета дека Бугарија не смее да дозволи да ѝ се врши притисок, туку треба да демонстрира увереност во својата позиција и аргументи и без оглед дали некој ги прифаќа треба да опстои на нив.
„Ако ние навистина сме уверени во својата позиција треба да опстојуваме на ставот дека нашата позиција е правилна, со познавањето на проблемите и предвидувањето на последиците. Тоа е и прашање на достоинство“ – рече Димитров за „БНТ“.
Тој додава дека бугарската страна во Комисијата предложила заедничко чествување на Кирил и Методиј, но по 2018 година нема заедничко чествување.
„Двете делегации се таму (во Рим), но нема заедничко оддавање почит. Има само средби, но двете држави посебно си оддаваат почит. Она што успеавме да го постигнеме и тоа беше еден од малкуте успеси е кога зборуваме за светите браќа важно е да се подвлече улогата на бугарската држава и владетели, кнезот Борис и цар Симеон Први за создавањето и развојот на културата создадена од светите браќа“ – вели Димитров.
За заедничката Комисија, тој оценува дека засега нема суштински напредок.
„За да одговориме на желбата за нов почеток, како што побара премиерот Кирил Петков, се договоривме со колегите од Скопје да одржиме три средби од февруари до мај. По малиот чекор за цар Самоил, нешто што дури и не заслужува посебно внимание, нема ништо ново. Напредокот повторно запре“ – рече Димитров и напоменува дека проблемот е што македонските историчари се обидуваат да не ја прифатат заедничка историја.