Се обиделе да го убијат Путин!

Претседателот на Руската Федерација – Владимир Путин преживеал атентат пред околу два месеци, тврдат украинските власти.

Шефот на украинската разузнавачка служба – Кирило Буданов тврди дека по почетокот на инвазијата на Украина имало обид за атентат на рускиот претседател Владимир Путин, кој завршил неуспешно.

„Имаше обид за атентат врз Путин. Се зборува дека бил нападнат од претставници на Кавказ не толку одамна. Ова е информација која не е јавна. Тоа беше апсолутно неуспешен обид, но навистина се случи. Тоа беше пред околу два месеци“ –  вели Буданов за „Украинска правда“.

Буданов напомена дека иако обидот бил неуспешен и немал публицитет, сепак тој навистина се случил.