Алкараз го освои УС опен и повторно е број 1 во светот

Во пресметката меѓу двајцата најдобри играчи во светот, Шпанецот го победи Јаник Синер со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4 и го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот. Ова е шеста Гренд Слем титула на Карлитос во неговата кариера.

Карлос Алкараз е шампион на Отвореното првенство на САД. Во пресметката меѓу двајцата најдобри играчи во светот, Шпанецот го победи Јаник Синер со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4 и го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот. Ова е шеста Гренд Слем титула на Карлитос во неговата кариера.

Како и во претходната сезона, Италијанецот и Шпанецот ги поделија Гренд Слем турнирите меѓу себе. Алкараз ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, а Синер славеше на Отвореното првенство на Австралија и Вимблдон.

Финалето не донесе спектакуларно ниво на тенис, а Алкараз беше многу подобар играч, ако не се смета малиот пад во вториот сет.

Синер направи необични грешки за неговите стандарди и тоа го чинеше брејкови во раните фази од сетовите, а на крајот и одбраната на тронот.

Извор: Топспорт.мк