
Египет: „Глупост“ е да се зборува за доброволно раселување на Палестинците
Израел претходно ги повика жителите на градот Газа да се упатат на југ, додека војската го продолжува напредувањето. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поддржа идејата Палестинците да ја напуштат Газа „доброволно“ и предложи други држави да ги прифатат. Неговата канцеларија вчера соопшти дека станува збор за „основното човеково право секој да избере каде ќе живее, особено во време на војна“.
Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати изјави дека е „глупост“ раселувањето на Палестинците да се опишува како доброволно.
Абделати, чија земја има клучна улога во обидите за запирање на војната во Газа, на заедничка прес-конференција со генералниот комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци Филипе Лазарини порача дека „ако гладот во Газа е намерно предизвикан, тој има цел да ги прогони луѓето од нивната земја. Глупост е да се зборува за доброволно раселување“.
Израел претходно ги повика жителите на градот Газа да се упатат на југ, додека војската го продолжува напредувањето. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поддржа идејата Палестинците да ја напуштат Газа „доброволно“ и предложи други држави да ги прифатат. Неговата канцеларија вчера соопшти дека станува збор за „основното човеково право секој да избере каде ќе живее, особено во време на војна“.
Египетскиот министер додаде дека имал разговор со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за спроведување на најновото мировно посредување, обвинувајќи го Израел за „непопустливост“ што го одложува прекинот на огнот.
Хамас во август го прифати предлогот за 60-дневно примирје со Израел, со ослободување на половина од заложниците во Газа и ослободување палестински затвореници од израелски затвори. Египетски претставник изјави дека договорот предвидува и рамка за трајно политичко решение. Нетанјаху неколку дена потоа изјави дека Израел ќе ги продолжи преговорите за ослободување на сите заложници и за запирање на војната, но само под услови прифатливи за Израел.