
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, објави дека бројот на патници во периодот јануари-август се зголемил за 9%, достигнувајќи 7.833.109 патници.
Меѓународниот аеродром во Тирана постави уште еден рекорд по бројот на патници и летови.
Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, објави дека бројот на патници во периодот јануари-август се зголемил за 9%, достигнувајќи 7.833.109 патници.
Според неа во овој период се реализирани 42.462 летови, што е зголемување од 2% во споредба со истиот период минатата година.
„Од Тирана летови беа реализирани до 137 дестинации а 11 август е денот со најголем проток, од 53.076 патници, наведува Балуку.
Аеродромот во Тирана стана регионален репер во однос на брзиот раст и проширувањето на услугите како резултат на инвестициите во писти, услужни објекти и проширување на оперативните капацитети.
Најголеми корисници на услугите на овој аеродром, освен албанските, се македонските, косовските и црногорските граѓани.