Задолжителна вакцинација за лицата во Грција кои се постари од 60 години. Во спротивно им следува парична казна од 100 евра и тоа секој месец.
Грчките медиуми информираат дека ова стапува на сила од 16 јануари 2022 година.
Новата мерка за невакцинираните во Грција денеска ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Тој објасни дека парите од овие казни ќе одат во специјален фонд од кој ќе се финансираат болниците, Мицотакис вели дека не се работи за казнување, туку за заштита.