„Голак Треил‘‘ во чест на Иле Гоцевски, возачот во Брзата помош во Кочани

Во организација на Еколошкото друштво Голак денеска во Делчево за првпат ќе се одржи „Голак Треил“, спортски настан кој претставува комбинација од планинско трчање и брзо одење низ живописните предели на планината Голак.

Во организација на Еколошкото друштво Голак денеска во Делчево првпат ќе се одржи „Голак Треил“, спортски настан кој претставува комбинација од планинско трчање и брзо одење низ живописните предели на планината Голак.

Како што стои во соопштението на Еколошкото друштво „Голак“, првото издание на спортскиот натпревар ќе биде посветено на прерано починатиот Иле Гоцевски, возачот во Брзата помош во Кочани кој за време на трагичната несреќа возеше 11 пати до Скопје со цел да спаси што повеќе животи. Затоа, велат, во негова чест патеката ќе биде долга 11 километри, симболично претставувајќи го неговиот пат на пожртвуваност и човечност.

– Сите собрани средства од котизациите на учесниците ќе бидат донирани на „Support Kocani“, а самиот настан ќе има хуманитарен карактер. Настанот ќе послужи и за промоција на планината Голак и нејзините природни убавини, како и популаризација на планинскиот спорт и активниот туризам во источниот регион на Македонија, стои во соопштението.

Голак, додаваат, е планина со исклучителни природни вредности, позната по спојот на три различни клими – континентална, планинска и медитеранска, што ја прави вистинска воздушна бања и идеална за рекреација, спорт и одмор.

– Со овој настан, сакаме да поттикнеме и развој на планинскиот туризам и да го ставиме Делчево и неговата околина на туристичката мапа на Македонија. Источниот дел на земјата има огромен потенцијал кој досега недоволно е искористен. Веруваме дека преку вакви иницијативи ќе придонесеме за економски и туристички развој на регионот, создавање нови можности за локалната заедница и зголемување на свеста за значењето на здравиот начин на живот и активниот одмор во природа, додаваат оттаму.

Нова трагедија во Кочани – почина возач на Итната помош кој вчера цел ден пренесуваше тешко повредени