Максим Димитриевски во Куманово, Лабудовиќ во Центар, ЗНАМ со советнички листи во над 50 општини
Лидерот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски и официјално е кандидат за нов градоначалнички мандат во Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

На вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор е одлучено ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои советнички листи во повеќе од 50 општини.
– Движењето ЗНАМ – За наша Македонија започнува ново поглавје во своето политички делување. Нашите претставници во локалната самоуправа покажаа како вистински се управува со општините, изјави портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов.