„Диносаурус“ со порака од Вардариште: „Ќе изумреме како нив“
„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа „Независни заедно“, проф. Горан Марковски, носејќи маска од диносаурус на прес-конференција одржана во близина на депонијата „Вардариште“ која сè уште гори.

Тој предложи стручно решение за депонијата – искористување на метанот кој се ослободува од ѓубрето за производство на електрична енергија.
„Во ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар“, објасни Марковски. Тој посочи дека постојат веќе применети методи на над 200 локации во Европа за собирање на метанот преку цевки, кој потоа може да се искористи за производство на струја. „Постои можност оваа енергија којашто денес ни создава проблем да ја искористиме и за производство на електрична енергија. Само треба знаење, одговорност и секако независност“, рече Марковски.