
Европското обвинителство ќе истражи можни кривични дела во проектот за електрично поврзување Грција -Кипар- Израел
Европското обвинителство одлучи да отвори истрага за можни кривични дела во врска со овој проект, рече кипарскиот претседател Никос Христодулидис во однос на електричното поврзување меѓу Грција, Кипар и Израел, а паралелно нагласи дека проектот е од стратешко значење, јави дописничката на МИА од Атина.
Европското обвинителство одлучи да отвори истрага за можни кривични дела во врска со овој проект, рече кипарскиот претседател Никос Христодулидис во однос на електричното поврзување меѓу Грција, Кипар и Израел, а паралелно нагласи дека проектот е од стратешко значење, јави дописничката на МИА од Атина.
Христодулидис објасни дека истрагата е по различните пријави што биле поднесени, кои откако биле истражени, обвинителството донело одлука да започне истрага.
– Ставот на Никозија е јасен, ставот на Република Кипар е единствен. Проектот е од стратешко значење. Неговата одржливост зависи од спроведувањето на обврските преземени од носителот на проектот, а тоа е Независниот оператор за пренос на електрична енергија (АДМИЕ) и очекуваме конкретните обврски да бидат исполнети, посочи кипарскиот претседател.
Дополнително посочи дека „не постојат разлики со грчката Влада“, а за проектот да биде одржлив неопходно е грчкиот оператор да ги исполни своите обврски.
Изјавата на Христодулидис доаѓа откако министерот за финансии од неговата Влада Макис Керавнос за кипарското издание на весникот „Катимерини“ рече дека проектот за електрична интерконекција не е одржлив под конкретните услови, повикувајќи се на две студии од независни и сериозни организации.
Од друга страна, како што вчера објави МИА, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на брифингот со новинарите истакна дека проектот Great Sea Interconnector, односно електричното поврзување на трите земји, ќе продолжи врз основа на планираното, бидејќи станува збор за „проект од геостратешко значење и има обезбедено европска поддршка“.