Турција очекува конкретни чекори од Шведска во борба против тероризмот

Претседател на Турција – Реџеп Таип Ердоган на шведската премиерка Магдалена Андерсон телефонски и рекол дека Анкара очекува конкретни чекори во борбата против тероризмот. Тој рекол и дека смета дека ембаргото на извоз на оружје наметната на Турција по нејзиниот упад во Сирија во 2019-та година треба да биде укинат.

Ова доаѓа откако Финска и Шведска пред 3 дена поднесоа барање за приклучување кон НАТО алијансата.

Турција минатата недела ги изненади сојузниците оти се спротивстави на членството на двете земји во сојузот. Анкара тврди дека и Шведска и Финска им пружаат прибежиште на луѓе поврзани со милитантната група „PKK” и приврзаници на Фетула Ѓулен, кого Турција го обвинува за организација на обидот за државен удар во 2016-та година.