Претседателот на Украина – Володимир Зеленски вели дека руската војна против неговата земја може да се реши само со дипломатија. Тој посочи дека Украина би можела да биде победничка на бојното поле, но дека работите би можеле да запрат само на преговарачката маса.
Предупреди дека конфликтот „ќе биде крвав, ќе има борби, но дефинитивно ќе заврши само преку дипломатија“.
Во меѓувреме Русија се обидува да ја преземе контролата врз украинскиот регион Донбас, тврдејќи дека победила во повеќемесечната битка во фабриката за челик во Мариупол.
Руската инвазија врз Украина започна на 24. февруари годинава.