Сања Лукаревска – заменик претседателката на СДСМ во интервју за емисијата „360“ на Алсат телевизија рече дека сега е време да се носат нови мерки, нови решенија за граѓаните, како што се направи со минималната плата, пензиите, со менаџирање на кризата со пакетот од 26 мерки, и додаде дека блокадите се неодговорно однесување на опозицијата
„Право на опозицијата е да бара избори, но треба да се дискутира на многу поважни, посензитвини теми за граѓаните, кои се заеднички интерес за државата. Сега се справуваме со последиците, имавме ковид криза, имаме безбедносна криза, енергетска криза и во ваква состојба не е патриотски и не е хумано кон државата да се бараат избори. Фокусот на сите партии треба да им биде како да им се помогне на граѓаните“ – рече Лукаревска.
Таа вели дека политиките на СДСМ во изминатиот период и одлуките на Владата се во интерес на граѓаните. Лукаревска информира дека е голем интересот на граѓаните за МојДДВ и оти само за првото тромесечје оваа година на граѓаните им се вратени 491,5 милиони денари или безмалку 8 милиони евра.
„Мерката која СДСМ ја реализира успешно токму преку УЈП, МојДДВ ги исполнува очекуваните резултати и дека ќе продолжи во иднина. Но има и други мерки со кои ги поддржуваме граѓаните. Мерката за субвенционирање на придонесите од плата во висина од 600 до 6000 денари во март годинава ја искористиле 22.231 работодавач за 124.534 вработени“ – рече Лукаревска.