
Свириденко: Украина очекува 37 милијарди долари поддршка од партнерите во 2026-2027 година
Украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека партнерите на земјата ветиле 37,4 милијарди долари финансиска поддршка за Киев во 2026-2027 година.
Украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека партнерите на земјата ветиле 37,4 милијарди долари финансиска поддршка за Киев во 2026-2027 година.
-Очекуваме мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и многу е веројатно дека ќе имаме нова програма, додаде таа во изјава објавена денеска на „Х“.
За време на презентацијата на владината акциона програма, Свириденко исто така рече дека Украина очекува мисија на ММФ кон крајот на август.
Се очекува членовите на Врховната рада (украинскиот парламент) да бидат дел од преговарачкиот тим, прецизираше таа.
-Многу би сакале барањата на нашите партнери да бидат координирани со нас. По можност координирани со Европската унија… Треба да работиме за да обезбедиме дека програмите на ММФ и Европската унија се координирани едни со други, рече украинската премиерка.