
Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, поранешен градоначалник и екс амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата е нефункционална бидејќи нема Бадинтерово мнозинство, така што неговите очекувања се, по локалните, да има и вонредни парламентарни избори.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, поранешен градоначалник и екс амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата е нефункционална бидејќи нема Бадинтерово мнозинство, така што неговите очекувања се, по локалните, да има и вонредни парламентарни избори.
„Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, предвремени парламентарни избори во нашата земја стануваат неопходност“, порача Жерновски.
Тој нагласи дека владејачкото мнозинство е далеку од потребното бадентерово мнозинство, што според него е „индикатор за постоење на политичка криза и доказ дека големиот број на пратеници кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ не значи ништо ако не се поседува квалитет за менаџирање на политичките процеси“.
„Навидум стабилните бројки во парламентот не значат и стабилен систем“, додаде тој.
Жерновски предупреди дека пред државата стојат важни одлуки кои ќе бараат пошироко мнозинство. „Одлуките за кои ќе биде неопходно мнозинство гласови од заедниците тропаат на врата, при што за неможноста и немоќноста да се избере Народен правобрaнител, Брисел веќе губи трпение“, истакна тој.
Осврнувајќи се на гласањето во Собранието, Жерновски оцени: „Саботниот дебакл на владејачката коалиција во Собранието недвосмислено покажа дека претстои период на реална нефункционалност и дека се разнишани ‘стабилните’ темели што премиерот тврдеше дека ги изградил во првата година од неговиот мандат. Ако се ова тие темели за иднината, тогаш е јасно дека со оваа и ваква влада, Македонија нема никаква иднина“.
Според него, вниманието на премиерот Мицкоски веќе е насочено кон евентуални вонредни парламентарни избори.
„Токму затоа, иако се подготвува за локалните, очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредните парламентарни избори“, пишува Жерновски.