„На Европа и фалат татковците со визија, Шуман, Аденауер, за жал втората генерација на тие лидери немаат никаква додадена вредност. Има се повеќе национализација на Европска Унија. И ние на Западен Балкан не сме имале функционални држави до сега, корупција, политички кризи се влечкаат со децении. Опозицијата кај нас има право да бара предвремени парламентарни избори затоа што беа победници на локалните избори. СДСМ секој ден се повеќе го губи тлото под нозете. Ако се земат геополитички, Македонија не е изолиран случај, и украинската војна многу влијае во анимирање на пријатели на оваа идеја, на предвремени парламентарни избори“ – вели политичкиот аналитичар Висар Адеми во најновото издание на Трилинг.
Тој смета дека „СДСМ треба да го плати цехот, се за што се залагаа досега беше прикриено под тепих. Целиот пакет што го прават животот поквалитетен, не се фокусираа на тоа. Реалноста е дека немаме никаква прогресивност, не ја фокусираат енергијата на овие оперативни работи кои нормалниот граѓанин може да ги почувствува. ДУИ не може да се амнестира од одговорност“.
„Дел од луѓето кои биле на челни позиции во ДУИ треба да одговараат за криминал, за сите работи кои ги правеле со претходната власт. Премногу хипотеки се, испорачуваат дел од црните работи, во Македонија секој се бори со корупцијата, а никој не покажува резултати. Корупцијата во владиниот ешалон ја прават луѓе на ДУИ“ – смета Висар Адеми.