Синдикатите на јавниот сектор во Турција во штрајк – блокиран транспортот во Измир

Владата на 12 август предложи покачување на платите од 10 проценти во првата половина на 2026 година и 6 проценти во втората половина. За 2027 се планирани два пораста од по 4 проценти. На 15 август беше додадено и покачување на основните плати од 1000 турски лири (околу 25 евра), но синдикатите го оценија како недоволно.

Синдикатите на вработените во јавниот сектор во Турција денеска одржуваат еднодневен штрајк поради незадоволство од владината понуда за зголемување на платите во 2026 и 2027 година, јави онлајн изданието „Туркије тудеј“.

Штрајкот најмногу го погоди транспортот во Измир, каде што железничкиот сообраќај денеска е блокиран.

Владата на 12 август предложи покачување на платите од 10 проценти во првата половина на 2026 година и 6 проценти во втората половина. За 2027 се планирани два пораста од по 4 проценти. На 15 август беше додадено и покачување на основните плати од 1000 турски лири (околу 25 евра), но синдикатите го оценија како недоволно.

– Не гледаме простор за преговори. Владата нè турка на улица, изјави синдикалниот лидер Али Јалчн.

Штрајкот го поддржаа седум синдикални организации, со митинзи во сите 81 провинција на Турција. Во Анкара протестите се одржаа пред Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална заштита.

Синдикатите бараат зголемување на платите од 88 проценти за 2026 година и 46 проценти за 2027 година, предупредувајќи дека без тоа вработените ќе бидат „смазени од инфлацијата“.

Според официјалните податоци, во јули 2025 инфлацијата во Турција изнесувала 33,5 проценти, додека независни анализи ја проценуваат на околу 65 проценти. Турската конфедерација на работници објави дека прагот на сиромаштија за четиричлено семејство во Анкара изнесува 86.000 лири (околу 1800 евра).