Амнести Интернешнл: Израел спроведува кампања на намерно изгладнување во Газа

-Додека израелските власти се закануваат дека ќе започнат целосна копнена инвазија на градот Газа, сведоштвата што ги собравме се многу повеќе од извештаи за страдање, тие се остро обвинение за меѓународен систем кој му дал на Израел дозвола да ги мачи Палестинците со речиси целосна неказнивост со децении, изјави директорката за истражување, застапување, политика и кампањи на организацијата, Ерика Гевара Росас.

Невладината организација Амнести Интернешнл денеска објави дека Израел спроведува намерна кампања на изгладнување во окупираниот Појас Газа, систематски уништувајќи го здравјето, благосостојбата и општественото ткиво на палестинското население.

Во соопштението, организацијата за човекови права соопшти дека новите сведоштва што ги собрала откриваат дека смртоносната комбинација од глад и болести не е несреќен нуспроизвод на израелските воени операции, туку е намерен резултат на плановите и политиките што Израел ги дизајнирал и имплементирал во текот на изминатите 22 месеци.