FUCK THE EU!

Есапот на Трамп е тој да стане партнер со Русија преку грбот на ЕУ. Една паралелна игра од ЕУ кон Русија можеби би била излезно решение за Европејците (под услов да не се раскараат меѓу себе). Играта на Трамп станува губитничка, ако ЕУ му сврти грб.

FUCK THE EU!

Ова беше легендарната реченица на американската дипломатка Викторија Њуланд, за време на рушењето на власта на Јанукович во Украина преку Мајданскиот преврат.

ЕУ лидерите неколку години подоцна дозволија администрацијата на Бајден да успее да го испровоцира Путин да ја нападне Украина, а со тоа и целосно да ги наруши економските односи на Европскиот континент. Да ја принуди Европа да воведе санкции кон Русија и да се затворат двата Северни тека и останатите гасоводи кон Русија.

И сега, Трамп се спрема да склучи зделка со која Украина ќе биде територијално осакатена, ЕУ ќе остане во лоши односи со Русија, а САД ќе почнат да градат партнерски односи со Русија. И плус, ЕУ веќе не може да смета на безбедносниот чадор на НАТО, освен ако самата не си го плати и создаде.

Можеби е време Европејците да ја сменат играта. Да се прифати воениот пораз во Украина со губење на што е можно помалку територија и да се почне со затоплување на односите со Русија преку брзо укинување на санкциите и поправка и ставање во погон на гасоводите од Русија.

Можеби партнерството со Русија е најдобрата безбедносна гаранција за ЕУ.

А САД?

Е па, ЕУ F.ck the USA, кога USA не сака ЕУ да и е партнер. И онака САД е преку Атлантикот. Време е ЕУ да сфати дека Русија и е сосед со кој преку партнерство двете страни можат да нспредуваат. Како што тоа беше во времето на Ангела Меркел, која одбиваше да го диверзифицира снабдувањето со гас, туку се фокусираше на ефтиниот руски гас.

Есапот на Трамп е тој да стане партнер со Русија преку грбот на ЕУ. Една паралелна игра од ЕУ кон Русија можеби би била излезно решение за Европејците (под услов да не се раскараат меѓу себе). Играта на Трамп станува губитничка, ако ЕУ му сврти грб.

А Украина? Украинците ќе можат само да го колнат комичарот Зеленски (кого самите го избраа) затоа што ги претвори во стратешка длабочина ( полигон на кој ќе се пресметуваат големите играчи). Ќе останат и без територија и значајни ресурси, а и ќе бидат и понатаму под силно Руско влијание.

Фејсбук статус на Тони Дескоски, Универзитетски професор