Пораз на Ѓорческа во финалето во Куршумлијска Бања

Ѓорческа за пласманот во финалето ќе освои 49 поени и ќе забележи значителен скок на ВТА листата од околу 70 места.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на турнирот W 75 Куршумлијска Бања, Србија што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Поуспешна од Македонката беше домашната тенисерка Теодора Костовиќ со 2:0 во сетови (7:5 и 6:3) за два часа игра. Ова за Ѓорческа беше второ финале во две недели во Куршумлијска Бања, а трето на истата локација оваа година (има една победа и два пораза) во финалните мечеви.

Ѓорческа за пласманот во финалето ќе освои 49 поени и ќе забележи значителен скок на ВТА листата од околу 70 места.

Во денешното финале македонската тенисерка имаше добар старт и водство од 4:2 во гемови, а во седмиот гем по 14 одиграни поени, Ѓорческа беше на чекор до 5.2, но ривалката намали на 4:3. По изедначувањето на 4:4 и 5:5, сетот беше решен во 12-тиот гем кога Костовиќ направи нов брејк. Во вториот сет по 3:3 во гемови, следуваа двата најдолги гема во мечот, а двата и припаднаа на српската тенисерка која стигна до 5:3. Во седмиот гем беа одиграни 18 поени, а во осмиот гем 12 поена. На крајот сетот заврши со 6:3 за тенисерка од Србија.

За Ѓорческа по двете финалиња, следува пауза и следниот настап ќе го има во Битом во Полска следниот понеделник (25 август).