
Челзи ќе ги потпише Гарначо и Симонс ако успее да продаде двајца напаѓачи
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, може да ја продолжи кариерата во Челзи, објави „Скај Спортс“.
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, може да ја продолжи кариерата во Челзи, објави „Скај Спортс“.
Лондонските „Сини“ се подготвени да го потпишат 21-годишниот Аргентинец, како и играчот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс, ако продадат двајца напаѓачи.
Во сезоната 2024/25, Гарначо одигра 58 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 11 гола и имаше 10 асистенции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2028 година.
Челзи денес од 15 часот го пречекува Кристал Палас во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. з