Борел: Во цел свет има недостиг од храна!

Жосеп Борел – шефот на европската дипломатија денеска предупреди на глобалниот недостиг на храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите светски производители на житарици, бидејќи житото ниту може да се извезува, ниту да се сади и жнее поради воените дејствија.

„Има недостиг од храна и тоа ќе продолжи. И кога ја има, таа е скапа, многу поскапа отколку што многу луѓе можат да си дозволат. Доколку засегнатите луѓе трошат повеќе за храна, тогаш имаат помалку за образование и за здравје, а тоа ќе ја продлабочи сиромаштијата и нееднаквоста“ – рече Борел.

Министрите за развој на ЕУ денеска одлучија да „поддржат повеќе од 70 партнери“ за да се подобри „отпорноста и одржливоста на нивните системи за храна со цел да го зголемат нивниот капацитет за храна на среден рок“.

„Ги повикуваме и нашите партнери да не ја ограничуваат глобалната трговија со земјоделски производи“ – додаде Борел.