Им викнал инспекција затоа што кафето му го наплатиле 2 евра!

Казната за кафуле во италијанскиот град Фиренца изнесувала 1.000 евра, а инспекцијата ја викнал незадоволен клиент затоа што еспресото му го наплатиле 2 евра, а претходно не му покажале мени.

Газдата на кафулето се правдал дека сите цени се прикажани на интернет и дека невообичаено високата цена, околу 70 отсто над просекот на еспресо, требало да ги покрие трошоците за купување зрна кафе од одредена плантажа во Мексико.

Сепак инспекцијата одбила да го прифати неговото образложение и го казнила со 1.000 евра.

Пиењето еспресо е составен дел од италијанската култура, а кафулињата во Италија се познати по тоа што служат добро кафе по традиционално ниски цени.

„Бев казнет затоа што муштеријата беше навреден што плати две евра за кафе од мала плантажа на 1.600 метри во регионот Чиапас, без кофеин, направен исклучиво со процесот на филтрирање на водата. Извинете, лут сум. Се почувствува навреден затоа што платил две евра, затоа што бариста го измери кафето, го измелели, го подготвувал на најдобрите машини на пазарот. Тешко е да се натераат луѓето да сфатат дека има кафиња што можат да чинат повеќе од едно евро. Не се работи само за произведувачите, има и баристи кои учат да го прават најдоброто можно кафе, но не, вие сте навредени затоа што за тоа плаќате повеќе од едно евро“ – рекол бесниот сопственик на локалот.