
Критична состојбата со пожарите околу Подгорица и други општини
Пожарот во Пипери, во близина на црногорскиот главен град Подгорица, е во критична фаза, а сите расположливи противпожарни екипи се на терен.
Пожарот во Пипери, во близина на црногорскиот главен град Подгорица, е во критична фаза, а сите расположливи противпожарни екипи се на терен. Најзагрозени се населбата Копиље и подрачјето Стијене Пиперске, при што постои опасност северниот ветер да ја прошири огнената стихија.
Пожари беснеат и во Бијело Поље, Даниловград и Никшиќ, што дополнително ги оптоварува пожарникарите.
Во гаснењето се вклучени хеликоптери од Чешка, БиХ и Србија. Покрај тоа, Црна Гора доби меѓународна помош – во петок пристигна швајцарски тим од 26 пожарникари со четири специјализирани возила.
Состојбата и натаму е неизвесна, а службите продолжуваат со напорите за заштита на најзагрозените подрачја.