МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани
Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера, на 16 август, не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”.

Како што наведува МВР, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани.
Министерството апелира да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.
-Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите” на 15.08.2025 во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите” и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола.
Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните, наведува МВР во демантот.
Во Кочани вчера се одржа 18. марш на ангелите од кој учесниците порачаа дека „правда мора да има“.