
Зеленски: Одбивањето на Русија да преговара за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата
Доколку Русија не е подготвена да спроведе едноставна наредба за запирање на нападите, додава украинскиот претседател, можеби ќе бидат потребни значителни напори за да се убеди Русија да спроведе нешто многу поважно – „мирен соживот со своите соседи во наредните децении“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека запирањето на убивањето е клучен елемент за запирање на војната.
Зеленски ова го напиша на социјалните мрежи објавувајќи притоа писмо од нордиско-балтичката осумка во кое тие држави ја потврдуваат поддршката на Украина, вклучувајќи ги и напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да се стави крај на руската агресија врз Украина.
„Гледаме дека Русија одбива бројни повици за прекин на огнот и сè уште не утврди кога ќе престане со убивањето. Ова ја комплицира ситуацијата“, пишува Зеленски.
Доколку Русија не е подготвена да спроведе едноставна наредба за запирање на нападите, додава украинскиот претседател, можеби ќе бидат потребни значителни напори за да се убеди Русија да спроведе нешто многу поважно – „мирен соживот со своите соседи во наредните децении“.
Тој во објавата додава дека во текот на денот треба да има координација со европските лидери пред утрешната средба со Трамп во Вашингтон.
„Важно е сите да се согласат дека треба да има разговор на ниво на лидери за да се разјаснат сите детали и да се утврдат кои чекори се неопходни. Во Украина ја поздравуваме принципиелната изјава на нордиско-балтичките партнери и сме благодарни за нивното многу значајно единството кое го зајакнува секој“, додава Зеленски.