Османи: Октомвриските локални избори се референдум

Октомвриските локални избори не само во Чаир, туку генерално во земјава се референдум, односно референдум за отфрлање или нормализирање на еден концепт кој се обидува да се инсталира кај нас- оној за рушење на Охридскиот договор и топење на државотворниот статус на албанскиот народ за да стане ист со малцинствата како што беше пред 2001 година. Фактот дека ВРЕДИ како неуспешен политички експеримент својата иднина ја поставила на надежта дека ќе и помогне ВМРО-ДПМНЕ со своите гласови, покажува колку е погрешна оваа политика и затоа таа ситуација ги мобилизирал сите Албанци да ја пренесат пораката дека треба да се почитува гласот на граѓаните, суверенот за иднината на земјата, вели Османи за МИА.

Октомвриските локални избори не само во Чаир, туку генерално во земјава се референдум, односно референдум за отфрлање или нормализирање на еден концепт кој се обидува да се инсталира кај нас- оној за рушење на Охридскиот договор и топење на државотворниот статус на албанскиот народ за да стане ист со малцинствата како што беше пред 2001 година. Фактот дека ВРЕДИ како неуспешен политички експеримент својата иднина ја поставила на надежта дека ќе и помогне ВМРО-ДПМНЕ со своите гласови, покажува колку е погрешна оваа политика и затоа таа ситуација ги мобилизирал сите Албанци да ја пренесат пораката дека треба да се почитува гласот на граѓаните, суверенот за иднината на земјата.

Ова во интервјуто за МИА го вели кандидатот на Европскиот фронт за Општина Чаир, Бујар Османи, кој во локалната трка на 19 октомври ќе се соочи со Изет Меџити, кандидат на ВРЕДИ, воедно прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

Тој вели дека овие избори се токму во контраст со перцепцијата на граѓанинот и темата корупција. Вели дека од граѓаните зависи дали ќе му ја дадат довербата да им служи нив, „ова не е прашање на политичка кариера, туку прашање на одлука на граѓаните кого ќе изберат да им служи на нив“.

-Јас сум лекар и ја гледам политиката како услуга, порача тој.

Чаир и Центар се двете најцентрални скопски општини. Гледате како е создадена разликата помеѓу Општина Центар и Општина Чаир. Чаир е целосно деградиран, а вниманието е посветено на Општина Центар. Мислам дека Чаир дефинитивно треба да го прекине овој циклус на деградација поради недостатокот на визија, вели Османи во интервјуто.

Бидејќи улогата на министрите за надворешни работи и дипломатијата е да се справуваат со проблемите, како што Трамп денес се среќава со Путин, така и тој вели дека се сретнал со министрите на сите држави, имал најголем број посети во Приштина и дека бил еден од најмоќните лобисти на Косово за пристапување кон меѓународните организации.

-Ќе се воздржам од негативната кампања, ќе се обидам да зборувам за моите достигнувања како министер за надворешни работи, тоа со членството во НАТО, решавањето на прашањето за името, прашањето со Бугарија, започнувањето на разговорите со ЕУ…, појаснува Оасмани.

Укинувањето на балансерот, според него е една од најголемите штети што им е нанесена на Албанците од Северна Македонија, на Охридскиот договор воопшто и откако балансерот е откажан, Албанците се исклучени од институциите, тие едноставно се претворени во нула почнувајќи од најкритичните институции како оние на безбедноста, а потоа и во други институции кои се од особено значење.

Според него, „српскиот свет“ целосно ја заробил Северна Македонија дури и во оние клучни стратешки инструменти или системи како што е банкарскиот финансиски систем, телекомуникацискиот систем кој се обидува да ја долови политиката додека владата станаа отворена врата за воведување на српскиот свет и не случајно 461 пратеници на Европскиот парламент во својот извештај заклучиле дека Македонија станала инструмент на српскиот свет и според него тоа, „е најголемата штета што може да ѝ се нанесе на Северна Македонија, на европската иднина на земјата, но и на албанското прашање овде во Македонија“.

Во Општина Чаир се очекува да се води една од најжешките политички битки меѓу ВРЕДИ и ДУИ (сега Национална алијанса за интеграција). Значи, имаме соочување меѓу поранешен министер за надворешни работи и прв вицепремиер како што е г-динот Меџити. Дали беше тешко да се донесе таква одлука и што очекувате од оваа трка?

-Октомвриските локални избори не само во Чаир, туку генерално се референдум, и тоа референдум за отфрлање или нормализирање на еден концепт кој се обидува да се инсталира во нашата земја. Концептот е следниов: политички експеримент како што е ВРЕДИ, кој беше дизајниран да постигне две цели: под 1, да го поништи Охридскиот договор и да го стопи државотворниот статус на албанскиот народ и да стане ист како на малцинствата како што беше во 2001 година. Ако ги погледнете сите дејствија на Владата се во насока на поништување на посебниот статус што Албанците го стекнаа со Охридскиот договор, негирајќи им го јазикот, негирајќи им го правото на вето и правото за застапување или избирање на своите претставници.

Самиот факт што г. Стоилковиќ е именуван на чело на Министерството за Охридскиот договор упатува порака дека по ротација малцинства треба да ги сменат институциите бидејќи меѓу нив нема поделба. Охридскиот договор ги зајакна сите заедници, и Турците и Бошњаците и Ромите и сите други, но Албанците добија посебен статус на државотворен народ и тука постои подготвен план за поништување на тој статус:

Вториот момент со експериментот ВРЕДИ е да се асимилира застапеноста на Албанците преку деформација на структурираното организирање на албанските политички партии трансформирајќи ги во селекција и избор на македонските политички партии, лишувајќи ги албанските гласачи од правото да бидат суверени, односно лишувајќи ги од статусот на господар на куќата и претворени во кираџии. Според ова сфаќање, само господарот на куќата, суверенот, македонскиот народ има право да ги определува своите претставници и тие треба да ги избираат другите. Ова се двете најголеми штети што можат да и се направат на мултиетничка Македонија и на албанското прашање, затоа овие избори треба да бидат референдум не само за Албанците, туку и за сите други заедници кои треба да кажат НЕ на планот за поништување на Охридскиот договор и асимилација на политичкото застапување.

Велите дека овие избори ќе бидат референдум против вазалството кон премиерот Христијан Мицкоски, кој според Вас и коалицијата што ја претставувате се обидува по секоја цена да ги претстави своите фаворити како претставници на Албанците. Што можете вие како опозиција да промените од оваа перспектива дури и ако победите во некои од општините?

-Гледате дека на овие избори, најголемите албански политички партии станаа дел од Спогодбата за националната алијанса за интеграција за да се испрати порака дека на Албанците не може да им се одземе правото на сувереност, правото на одлучување за иднината на државата. Значи гледате што се случува: под 1, не се почитува гласот на Албанците, под 2, премиерот вели дека Албанец не може да преговара во име на државата, под 3, Албанците се исклучени од институциите, албанските генерали се деградирани и претворени во граѓански советници на министри и именувања на чело на луѓе кои претходно им биле потчинети. И ова покажува дека постои подготвен план за добивање на статусот на господар на куќата на Албанците, како голема придобивка од Охридскиот договор и затоа ова го фрустрира секој Албанец и се разбира дури и оние од македонската заедница кои знаат дека иднината во Македонија е само во меѓусебно почитување на двете заедници, почитување на еднаквоста, почитување на застапеноста и дека и тие се фрустрирани од оваа политика. Оваа политика на исклучување може да функционира една година, две или три, но е неодржлива и ќе заврши лошо. Затоа ВРЕДИ како експеримент создаден од премиерот Мицкоски кој не успеа со појавата на г. Таравари, беше најдобар доказ дека се работи за експеримент кој не треба да функционира како таков. Мислам дека на овие избори албанскиот народ ќе излезе со порака дека патот кон застапеноста минува низ волјата на народот, а не низ штабовите на македонските политички партии.

Ги споменавте четирите главни столба и проблеми со кои ќе се справите во Чаир: урбан хаос, недостаток на паркинзи, нечистотија и организиран криминал, каде што дури ветувате безбедна и правна општина во Чаир. Колку мислите дека е ова остварливо?

-Мора да биде остварливо. Чаир е стратешко место во Скопје, Чаир и Центар се двете најцентрални скопски општини. И гледате како е создадена разликата помеѓу Општина Центар и Општина Чаир. Чаир е целосно деградиран, а внимание е посветено на Општина Центар. Мислам дека Чаир дефинитивно треба да го запре овој циклус на сопствена деградација поради недостатокот на визија. Таму постои урбан хаос кој им го оневозможил нормалниот живот на граѓаните, недостатокот на паркинзи го отежна секојдневието, нечистотијата го оштети здравјето на децата, здравјето на луѓето таму и секако и зад сето ова стои погрешна политика која во суштина има корупција и профит на сметка на граѓаните. Овие начела ги дефинирав како мои приоритети, работиме со меѓународни, регионални и локални експерти кои ќе дадат конкретни решенија за секоја од овие теми, како да се отвори протокот во рамките на Чаир, како да се регулира прашањето за паркинзите, како да се воспостави ред во градежништвото и секако да има нула толеранција кон корупцијата во локалните служби или во прашањето на градежништвото.

Вашиот противкандидат г. Меџити рече дека живеете во куќа дивоградба и поради оваа причина, како што рече тој, „немате морален капацитет да зборувате за оваа тема за Чаир…“.

-Не сакам да се занимавам со нив, тие во паника ќе се обидат да фрлаат кал со цел да кажат дека ние не сме единствените, и тие се исто така тука. Мислам дека овие избори се токму во контраст со перцепцијата на граѓанинот и темата корупција. Во 20-те години од мојата политичка кариера, најголемиот политички капитал го имам токму во интегритетот и фактот дека немам дамка во однос на корупцијата или нелегалните институционални дејствија. Не е точно и тоа се лажни вести кои во рамките на таа политика плукаат по противникот за да му се припише нешто. Граѓаните на овие избори имаат контраст пред двајца луѓе во однос на прашањето на интегритетот пред се.

Предупредивте на зголемено влијание на концептот „српски свет“ во Северна Македонија, нагласувајќи дека овој процес веќе добива конкретна форма. Потсетивте дека по влегувањето на српскиот Телеком на домашниот пазар, пенетрацијата на српскиот капитал во банкарскиот сектор сега е во последна фаза, додека пропадна ветувањето за една албанска банка! Од друга страна, ВРЕДИ ве обвини дека сте одржале неколку средби како министер со шефот на српската дипломатија, додека немавте никаква официјална иницијатива со Косово?

-Бев министер за надворешни работи и министрите за надворешни работи најчесто се среќаваат со министрите за да ги решат проблемите. Бидејќи улогата на министрите за надворешни работи и дипломатијата е да се справуваат со проблемите, како што Трамп денес се среќава со Путин, така и јас сум се сретнал со министрите на сите држави. Лага е дека не сум бил на Косово, сум имал најголем број посети на Приштина, сум бил еден од најмоќните лобисти на Косово за пристапување кон меѓународните организации. Но, во оваа кампања, без аргументи, ќе се обидат да фрлаат кал. Јас ќе се воздржам од негативната кампања, ќе се обидам да зборувам за моите достигнувања како министер за надворешни работи, тоа со членството во НАТО, решавањето на прашањето за името, прашањето со Бугарија, започнувањето на разговорите со ЕУ, и секако овој кредибилитет ми е даден од работата што претходно ги водев институциите, и од довербата на граѓаните за конкретниот план да излезам за Чаир, а кој ќе биде кредибилен и остварлив за нив. Значи, „српскиот свет“ целосно ја заробил Северна Македонија дури и во оние клучни стратешки инструменти или системи како што е банкарскиот финансиски систем, телекомуникацискиот систем кој се обидува да ја долови политиката и Владата која стана отворена врата за воведување на српскиот свет и не случајно 461 прартеници на Европскиот парламент во својот извештај заклучиле дека Македонија станала инструмент на српскиот свет. Тоа е најголемата штета што може да ѝ се нанесе на Северна Македонија, на европската иднина на земјата, но и на албанското прашање овде во Македонија.

ВРЕДИ ве обвини за скандал и нелегално работење со околу 120 милиони денари за организација на самитот на ОБСЕ во Скопјe. Тие го споменуваат и приемот на рускиот министер Сергеј Лавров како чекор што предизвика негативни реакции и сериозни сомнежи за ориентацијата на надворешната политика додека бевте министер. Која е вашата проценка за овие обвинувања?

– Бидејќи овие шпекулации беа уште пред организацијата на самитот бидејќи сакаа да ја компромитираат земјата пред светот, ги ангажирав сите институции да ја проверат и контролираат организацијата на тој самит, сите институции вклучувајќи ги Антикорупциска, Заводот за ревизија и Обвинителството заклучија дека нема забелешки во организирањето на тој самит и тој министерски состанок се смета за еден од најуспешните што ОБСЕ ги има во својата историја од 1975 година. Но, се разбира, овие луѓе се изолирани од светот и не можат да организираат ни помала средба на регионално ниво и се разбира дека не можат да прифатат дека еден албански министер го носи целиот свет тука вклучувајќи го и државниот секретар на САД.

Г. Ахмети вели дека вашата „војна” е со ВМРО-ДПМНЕ и како што вели сегашната албанска гарнитура во власт, цитирам, „Чаир ја претворија во Кандахар”. Тој дури се согласува и со градоначалничката на Скопјe, Данела Арсовска во врска со дивоградбите а веќе се испратени некои докази до Обвинителството?

-Одговорноста ќе биде за сите кои го прекршиле законот и ги изнудиле граѓаните и ја уништиле иднината на Чаир. Од првиот ден за оние кои сториле кривични дела на сметка на граѓаните ќе одговараат и тоа е ветувањето кое го давам пред народот. Сепак, граѓаните кои се жртви на ова кривично дело кои купиле станови во згради кои се без дозволи, тие нема да бидат жртви на овој процес, бидејќи ќе има решение, тие штеделе целиот свој живот и инвестирале за да изградат еден покрив над главата и некој ги измамил во дивоградби без дозволи со фалсификување на документи. Како иден градоначалник, она што ќе го направиме е да гарантираме дека тие згради се безбедни во смисла на одржливост, ризик од пожар, земјотрес бидејќи велат дека луѓето спијат со едно око отворено да не се случи нешто. Прво што ќе направиме е да гарантираме дека ќе бидат безбедни, ако се безбедни, ќе најдеме начин да ја регулираме сопственоста на тие граѓани, а тие што го прекршиле законот – нема да има толеранција кон нив.

Последниот судир со вашиот противник беше исто така и за Универзитот “Мајка Тереза”. Рековте дека неговата изградба е ваша заслуга, додека г. Меџити негира дека воопшто не сте биле во тек во тоа време и дека тој процес ја предводел тој лично во соработка со покојниот Абдуљаќим Адеми (поранешен вицепремиер од редовите на ДУИ). Кој е во право?

-Јас во мојот настап ги наведов фактите. Тоа беше барање на претседателот Ахмети да се преземе во координација касарната Илинден како земјиште каде што ќе се гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ и заедно со поранешниот ректор Азис Положани го водевме овој процес, со генералите на Армијата, со министерот за одбрана преговарав, координирав, го водев процесот во Владата и секако бев слуга во оваа функција. Ова е визијата на Али Ахмети кој сакаше во тие касарни каде што се правеа антиалбански планови, сега да станат центри на знаење.

Континуирано алармирате за неодамнешните практики во врска со вработувањето во некои централни институции, сметајќи ги за кршење на правичната застапеност и уставните обврски. Дури и предупредивте како партија дека ќе барате правна и политичка одговорност против сите оние што ги исклучуваат Албанците од државните институции. Дали сè уште стоите на тој став?

-Откажувањето на балансерот е една од најголемите штети нанесени на Албанците од Северна Македонија, на Охридскиот договор воопшто. Од моментот кога балансерот беше откажан, Албанците беа исклучени од институциите, тие едноставно се претворија во нула, почнувајќи од најкритичните институции како што се оние за безбедност, а потоа и други институции кои се од особено значење. Ова покажува колку беше погрешна одлуката за укинување на балансерот и последиците ќе бидат долготрајни, бидејќи овие асиметрични вработувања кои се прават сега, каде што Албанците се свртени на нула, нема да можат да се корегираат во наредните 20 години. Затоа, штетата што ВРЕДИ ја направи за една година ќе ни треба можеби 10 години да ја исправиме и да ја вратиме ситуацијата онаму каде што ја оставивме со албанскиот премиер кога ја напуштивме владата.

Премиерот Мицкоски рече дека ќе ја поддржи ВРЕДИ на локалните избори во оние општини каде што тие (ВМРО-ДПМНЕ) нема да имаат свои кандидати. Дали и вие очекувате таква поддршка од македонски политички партии, на пример од СДСМ…?

-Очекувам поддршка од сите граѓани, без разлика на етничката припадност, реков дека ќе бидам столб на добри меѓуетнички односи, тоа го докажав во сите мои функции бидејќи верувам во соживот, верувам во изградба на заедничка куќа каде што сите граѓани без разлика на етничката припадност и религија ќе бидат еднакви и ќе ја добијат истата услуга од државата. Фактот дека ВРЕДИ како неуспешен политички експеримент своја иднина ја постави врз надежта дека ќе му помогне ВМРО-ДПМНЕ со своите гласови покажува колку е погрешна оваа политика и затоа ова ги мобилизираа сите Албанци да ја дадат пораката дека гласот на граѓаните, суверенот за иднината на земјата мора да се почитува и граѓаните не можат да се поделат во категории во стилот некој има право да избира свои претставници и некој кој нема право, а тоа ги дели граѓаните на домаќини и кираџии.

Ова беше суштината на Охридскиот договор и ВРЕДИ за жал стана инструмент за легитимирање на топење на државотворниот статус на Албанците и историјата нема да прости ваквите постапки.

Што ако Бујар Османи биде поразен во Чаир? Дали мислите дека тоа би и дало поинаков правец на вашата политичка кариера во иднина?

-Мојот политички ангажман не го гледам како прашање на политичка кариера. Јас сум лекар и ја гледам политиката како услуга. Откако знам за себе, бев вклучен во иницијативи кои им служеа на луѓето во секоја димензија, помала или поголема. Затоа пред граѓаните доаѓам со најголема искреност, со најголем интегритет што сум го создал во овие години, искуството што го имам во институциите да направам нешто добро за општината каде што живеам. Така што од граѓаните зависи дали ќе ми ја дадат довербата да им служам, ова не е прашање на политичка кариера, туку прашање на одлука на граѓаните кого ќе изберат да им служи на нив.

Фами БАЈРАМИ

Фото: Дарко Попов