Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала луѓе?!
Жичарницата на Водно со месеци работела додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

„Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик по својот живот во овие месеци?! Јас лично го носев мојот петгодишен внук до врв на Водно со истата. Морници ме лазат од помислата што сѐ можело да се случи на секој од нас.
Колку пати мораме да бидеме сведоци на неизмерна штета, па и човечки животи, за конечно да сфатиме дека мораме да ја поставиме безбедноста на прво место? Колку нови трагедии треба да ни покажат дека стандардите не се луксуз, туку се поставени заради безбедност и заштита?“, прашува Зајкова.
Според неа, секоја жичарница мора да минува годишен технички преглед и вонредни инспекции пред секоја сезона.