
Европските лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер, издадоа заедничка изјава по разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп да ги запре убиствата во Украина, да стави крај на агресивната војна на Русија и да постигне праведен и траен мир“, се наведува во соопштението.
Лидерите нагласија дека следниот чекор мора да бидат нови разговори меѓу Трамп и Путин, во кои би бил вклучен и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тие рекоа дека се „подготвени да соработуваат“ со Трамп и Зеленски за да се одржи таа трилатерална средба.
Во соопштението се додава и дека Украина мора да има „цврсти безбедносни гаранции“ за сопствена одбрана и дека „не смеат да се воведуваат никакви ограничувања врз украинските вооружени сили“.