„Сличности со славното дело `Процес` на Кафка постојат во речиси сите политички мотивирани прогони последните 5-6 години, произлезени од партиски контролираните обвинителства СЈО и ОЈО“.
Ова меѓудругото стои во статусот на Фејсбук кој денеска го објави екс-премиерот Никола Груевски откако доби 9 години затвор за случајот „ТНТ“, за уривањето на „Космос“.
Тој вели дека станува збор за политички прогон.
„Ајде кажи ми како сега да ги рушам некои објекти кои се за рушење, кои се незаконски изградени, после се ова што ти се случува тебе и на другите? Па подобро да одговарам за не срушено нешто што требало да се сруши, отколку за срушено, а што требало да се сруши”. Ова прашање ми го постави пред околу две недели во телефонски разговор еден актуелен градоначалник во Македонија“ – пишува екс-премиерот Никола Груевски на Фејсбук.
Груевски на социјалната мрежа опширно опишува зошто „Космос“ бил дивоградба и требало да се руши.