МПЦ и СПЦ во вторник на заедничка литургија во Скопје

На празникот посветен на Кирил и Методиј – на 24. мај (вторник) со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје српскиот патријарх Порфириј и македонскиот архиепископ Стефан заедно ќе служат божествена литургија.

„Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23. до 24. мај 2022. година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост.

На 24. мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.

Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество“ се вели во соопштението на МПЦ-ОА.