Играч на Манчестер Јунајтед пред трансфер во Рома

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо е пред трансфер во Серија А

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо е пред трансфер во Серија А. Негова нова дестинација би требало да биде Рим.

Рома веќе има испратено понуда за позајмица до Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец. Санчо изминатава сезона ја мина во Челзи, но лондонскиот клуб донесе одлука да не го откупи неговиот договор.

Играчот на „Олд Трафорд“ стигна како големо засилување и беше платен 85 милиони евра, но одамна не е во плановите на стручниот штаб на „црвените ѓаволи“.

Покрај Рома заинтересираност за Санчо има и од турскиот клуб Бешикташ.