
Професорката Билјана Ванковска излезе со критика до претседателката Гордана Силјановска Давкова, бидејќи не се огласи по повод 24 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
-Да бидеш во Охрид, токму на “местото на злосторството”, да си претседателка и да си тераш 12 август со деца , а да го прескокнеш/премолчиш 13-ти, во најмала рака е чудно. Или кукавички – особено кога како професорка си пишувала и предавала за Охридскиот договор?!
Бутната глава в песок или во вода? Или можеби во облаци… Како и да е, сѐ е според онаа на Али Ахмети: како и досега!
Сепак, и наредната година, таа ќе биде во вилата , за прославата по повод 25-та годишнина од етно-политичкиот калабалак во кој живееме. Па, ќе почекаме да смисли некоја поетска порака…“, напиша таа.