Ужасни сцени: Над 500 автомобили изгореле во големиот пожар во грчкиот град Патра

Повеќе од половината од овие возила веќе биле расходувани и не можеле да се продадат преку аукција како исправни превозни средства. Сепак, призорот што останал по пожарот потсетува на „гробиштa“ за автомобили. Изгорените каросерии сведочат за силината на огнот кој беснеел во таа област.

Големиот пожар овие денови остави зад себе потресни призори и на просторот на царинарницата во Патра, каде што се наоѓале стотици возила под надзор на Грчката независна управа за јавни приходи (AADE).

Според првичните проценки, дури 550 автомобили биле целосно уништени, што претставува огромно мнозинство од вкупниот број возила паркирани на отворениот простор на царинското складиште.

Повеќе од половината од овие возила веќе биле расходувани и не можеле да се продадат преку аукција како исправни превозни средства. Сепак, призорот што останал по пожарот потсетува на „гробиштa“ за автомобили. Изгорените каросерии сведочат за силината на огнот кој беснеел во таа област.

И покрај тоа што отворениот простор на царинарницата во јуни бил исчистен од вегетација согласно законот, екстремните услови на пожарот не оставиле никаква можност возилата да се заштитат.

Наредено е да се изврши целосна проценка на штетата штом температурата на местото ќе падне на безбеден степен – во моментов тоа не е возможно бидејќи металните остатоци и натаму испуштаат топлина.