Чарли Шин и неговиот јавен пад поради дрогата во документарец

„По 7 трезни години, Чарли Шин отворено зборува за својот подем кон славата и падот пред очите на јавноста, заедно со семејството и пријателите кои споделуваат нераскажани приказни за неговото патување низ славата, борбите и искупувањето“, се вели во описот на ИМДБ.

Озлогласениот јавен пад на американскиот глумец Чарли Шин од 2011 година, поттикнат од дрога, што водеше до негово отпуштање од хит-серијата „Два и пол мажи“ – оди на документарен филм. „Нетфликс“ го објави и првиот трејлер.

„По 7 трезни години, Чарли Шин отворено зборува за својот подем кон славата и падот пред очите на јавноста, заедно со семејството и пријателите кои споделуваат нераскажани приказни за неговото патување низ славата, борбите и искупувањето“, се вели во описот на ИМДБ.

Во документарецот се прикажани интервјуа со Шин и повеќемина од неговото опкружување. Меѓу нив се и Дениз Ричардс, Хајди Флајс, Џон Крајер, Шон Пен, Рамон Естевез, Брук Милер и Крис Такер, како и поранешниот дилер на Шин. Исто така, извршниот продуцент на „Два и пол мажи“, Чак Лоре – кој беше мета на многу напади од Шин – е меѓу интервјуираните.

Филмот „Познат како Чарли Шин“ (aka Charlie Sheen) излегува на 10 септември – седум дена после 60. роденден.