
Овој месец почнува изградба на колекторски систем во Трпејца
Во селото Трпејца во Охрид овој месец ќе почне да се гради колекторски систем.
Во селото Трпејца во Охрид овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања при увид на градежни активности на патот од Климештани до Охрид (дел од автопатот Кичево – Охрид), претседателот на Владата соопшти дека во втората половина на август „веќе се воведува фирмата изведувач во работа“ и оти проектот за колекторски систем во Трпејца е поделен во две фази.
-Според моите информации, првата фаза е пречистителната станица и делови од двата цевководи – потисниот и одводниот. Потоа имаме препумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода, во втората фаза. Така што, даденото ветување за трпејчани ќе биде реализирано, рече Мицкоски.